Достапни линкови

logo-print

Контроверзниот политичар Валдерс може да патува во Британија


Холандскиот политичар Герт Валдерс ,кој се соочува со прогон од својата земја поради анти-исламистички забелешки, денеска ја доби тужбата против Британската влада, која го спречи да влезе во Велика Британија. На Валдерс му беше забрането во февруари да влезе во Британија, бидејќи министрите одлучија дека неговата посета би била закана за хармонијата во заедницата и за јавната безбедност. Судот за азил и имиграција во Британија ја поништи таа одлука, што значи дека сега Вилредс, може слободно да влезе во Британија.

XS
SM
MD
LG