Достапни линкови

Со стара механизација нема развој на земјоделството


Земјоделци

Земјоделци

Со српот во рацете еве не во 21 век во дворот на Европската унија, саркастични се пелагониските земјоделци. Велат додека нивните колеги од Европа тракторите и комбајните ги управуваат компјутерски, македонската земјоделска механизација ја згазило времето.

Со српот во рацете еве не во 21 век во дворот на Европската унија, саркастични се пелагониските земјоделци. Велат додека нивните колеги од Европа тракторите и комбајните ги управуваат компјутерски, македонската земјоделска механизација ја згазило времето. Низ македонските ниви се уште „брефтаат“ комбајни од типот „змај“ произведени пред 40 години во Југославија. Може да се сретне и првиот тип „змај780„, кој во Европа веќе би станал музејски експонат. Состојбите со дотраената и стара механизација посебно доаѓаат до израз кога македонските земјоделци ќе се смешаат со колегите од развиените земји. Таква можност имаше Благоја Јовановски од општина Новаци, еден од најдобрите македонски трактористи, кога годинава учествуваше на светското првенство во орање во Словенија.

,,Тоа што можеше да се види во Словенија спрема нашата механизација, ние сме многу заостанати. Таму користат многу модерна механизација, компјутеризирана. Секој од натпреварувачите носеше свое возило, додека ние немавме ни возило ни ништо. Со оваа застарена механизација, не можиме да одиме на светско првенство. Во технолошката обработка на земјата многу сме поназад од другите во Европа. Со овие трактори не можиме да имаме високи приноси и да бидеме конкурентни на странските пазари."
Нашите анализи укажуваат веќе она што сите го знаеме дека на теренот има многу застарена механизација, која се одразува врз резултатите од земјоделското производство со негативен тренд


вели Јовановски. Проблемот според земјоделците лежи во високите цени на тракторите и неповолните кредити за нивна набавка. Еден од 40 коњски сили чини околу 1500 евра, пари што е тешко да се соберат со оглед на житната и млечната криза. Според груба проценка во Македонија има околу 60 илјади трактори и околу 1000 комбајни. Повеќето од нив се со просечна старост од 27 години.

,,Нашите анализи укажуваат веќе она што сите го знаеме дека на теренот има многу застарена механизација, која се одразува врз резултатите од земјоделското производство со негатовен тренд. Од тој аспакт преку програмата за рурален развој воведуваме принцип на кофинансирање за инвестиции во механизација Значи користењето на модерни машини е од големо значење за развој на земјоделството."

вели Маргарита Делева, советник за рурален развој во Министерството за земјоделство. За пример таа ги посочува кредитите со каматна стапка од 4 проценти за примарното производство, а Владата кофинансира до 50 проценти од трошоците за набавка на механизација од страна на млади земјоделци и жени земјоделки.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG