Достапни линкови

Бројот на абортуси се зголемува


Болница

Болница

750 абортуси на 2.186 извршени породувања, минатата година се регистрирани во гинеколошко акушерското одделеление во Тетово. Последниве години според статистичките податоци, бројот на абортуси обично достигнува 50% од бројот на породувањата.

750 абортуси на 2.186 извршени породувања, минатата година се регистрирани во гинеколошко акушерското одделеление во Тетово. Последниве години според статистичките податоци, бројот на абортуси обично достигнува 50% од бројот на породувањата. Иако не се исклучува можноста оваа бројка да е поголема поради нелегалните абортуси, добрата вест е што бројката на намерните прекини на
Така да има сега разни методи да се чуваат од несаканата бременост
бременоста последниве 10 тина година во тетовско главно е намалена, изјави началникот на гинеколошко - акушерското одделение Д-р Абаз Абази

,,Така да има сега разни методи да се чуваат од несаканата бременост, да не мора да се реши несаканата бременост, абортусот е последен начин за ослобудвање од таа несакана бременост."
Секое насилно прекинување на бременост во тие рани години остава последици тешки, а меѓу првите што може да се почувствуваат покасно е стерилитетот и други компликации


Не ретка појава е прекинување на бременоста кај малолетници. Најмладата пациентка која побарала прекинување на бременоста во тетовското гинеколошко акушерското одделеление била на возраст од 16 години. Поради ова докторот Абази се залага за воведување на сексуално образование во училиштата.

,,Секое насилно прекинување на бременост во тие рани години остава последици тешки, а меѓу првите што може да се почувствуваат покасно е стерилитетот и други компликации."

Докторот Абази апелира за редовни контроли на жената кај гинеколог, што не само што ќе придонесе за унапредување на своето здравје и за откривање и лекување на најразлични болести на женските репродуктивни органи, туку и навремено ќе се информира за начините на заштита од несакана бремност и планирање на семејството.
XS
SM
MD
LG