Достапни линкови

Белорусија сака да соработува со ЕУ


Белорускиот министер за надворешни работи Сергеј Мартинов денеска изјави дека неговата земја сака да ги подобри своите односи со Европската унија и дека ќе се залага за донесување на реформи. Мартинов ја даде изјавата, по средбата со неговиот фински колега, Александар Стуб. Стуб рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе расправаат дали да го укинат визното ограничување за граѓаните на Белорусија, на состанок кој треба да се одржи во ноември во Белорусија. ЕУ, пред една година, ја укина визата само на претседателот на Белорусија, Александар Лукашченко
XS
SM
MD
LG