Достапни линкови

Руската тајна служба спречила самоубиствени напади


Русија соопшти дека нејзините сили за безбедност спречиле серија самоубиствени напади во Москва, минатиот месец. Шефот на руската тајна служба , Александар Бортников, денеска, изјавил дека биле спречени активностите на 5 милитанти обучени за самоубиствени напади, а уште пет се под истрага. Соопштението следува по серијата самоубиствени бомбашки напади и други милитантни напади врз безбедносните сили во Чеченија, Ингушетија и Дагестан.
XS
SM
MD
LG