Достапни линкови

Напредок во разговорите меѓу Русија и САД за нуклерано разоружување


Русија и САД направија „суштински" напредок во разговорите за нов договор за намалување на нуклеарното оружје, изјави рускиот министер за надворешни работи Сегеј Лавров, по средбата во Москва, со американскиот државен секретар , Хилари Клинтон. Договорот за намалување на оружјето, потпишан во 1991, со кој се ограничува нуклераниот арсенал на двете земји, истекува во декември годинава. Затоа американски и руски преговарачи разговараат за нов договор, пред да истече стариот. Клинтон, говорејќи на заедничката прес-конференција по разговорите, изјави дека и покрај несогласувањата , двете земји взаемно се почитуваат.
Таа рече дека САД и Русија имаат соработка околу иранската контроверзна нуклеарна програма. Клинтон изјави оти Русија се согласува со САД дека Иран нема право на нуклеарно оружје. Клинтон треба да се состане со претседателот Дмитриј Медведев, подоцна денеска.
XS
SM
MD
LG