Достапни линкови

Дипломатски раздвижувања пред извештајот на ЕК


Знамето на ЕУ пред седиштето во Брисел

Знамето на ЕУ пред седиштето во Брисел

Министерот Милошоски и вицепремиерот за евроинтеграции Наумовски во Брисел имале средби со европските дипломати. Нивната посета доаѓа два дена пред објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Васко Наумовски, во Скопје, ќе го пречекаат извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Според информациите од МНР, министерот Милошоски, вчера во Брисел се сретна со комесарот за проширување на Унијата Оли Рен. Не се соопштуваат детали од средбата.
Според соопштението од кабинетот на Наумовски, вицепремиерот, пак, вчера, се сретна со известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Зоран Талер и со известувачот за визната либерализација во процесот на европска интеграција Тања Фајон. При средбите,
Доколку таа реторика продолжи во следните пет-шест месеци тогаш е многу веројатно дека нешто позитивно може да се случи. Но, целото прашање за името не зависи само од нас, зависи многу и од Грција
посебен акцент бил ставен на активностите поврзани со визната либерализација, се вели во соопштението. Милошоски веќе се врати во Македонија, а за денеска се очекува и Наумовски да се врати во Скопје, соопштуваат во нивните кабинети. Дел од домашните аналитичари сметаат дека Милошоски и Наумовски во Брисел се обиделе да се осигураат дека во утрешниот извештај, земјава ќе добие препорака за почеток на преговорите со ЕУ. Прогнозите одат дотаму што велат дека тие, веројатно, ги уверувале евродипломатите во посветеноста на Македонија во решавањето на проблемот со името. Професор Јетон Шасивари вели дека дипломатските раздвижувања се поврзани со извештајот на ЕК.

,,Во смисла на тоа дека нашата надворешна политика е подготвена да го реши спорот за името, а од другата страна е свесна дека нема да имаме претпристапни преговори без финално решение за спорот за името."

Аналитичарот Никола Сталевски, во контекст на извештајот, ја гледа и завчерашната изјава на премиерот Никола Груевски дека Македонија влегува во процесот за наоѓање решение, максимално конструктивно и посветено. Сепак, таквата реторика нема многу да влијае на Европа, вели Сталевски.
Нашата надворешна политика е подготвена да го реши спорот за името, а од другата страна е свесна дека нема да имаме претпристапни преговори без финално решение за спорот за името


,,Доколку таа реторика продолжи во следните пет-шест месеци тогаш е многу веројатно дека нешто позитивно може да се случи. Но, целото прашање за името не зависи само од нас, зависи многу и од Грција."

На Свечената академија по повод 11 Октомври, премиерот Груевски, завчера рече дека тој и неговиот грчки колега имаат обврска да бараат решение и да го решат проблемот со името.

,,Јас и македонскиот државно политички врв сме подготвени за интензивно барање на решение. Како претставник на македонската политика, од мој аспект можам да истакнам дека максимално конструктивно и максимално посветено влегуваме во овој процес."

Македонските власти не сакаат да ја прејудицираат содржината на извештајот, но изразуваат надеж дека Европската комисија ќе го цени постигнатиот напредок во исполнувањето на осумте одредници.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG