Достапни линкови

Недостасува политичка одговорност


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Домашната експертска јавност смета дека македонското општество има уште многу за одење на патот кон развиените демократии, бидејќи во земјата политичката одговорност се одвива според поинакви формулаци. Ретко кој политичар во Македонија одговарал или бил разрешен за своите грешки, велат тие.

Во Македонија е реткост политичарите да се однесуваат одговорно. Многу тешко може да се потврди дека го зборуваат тоа што го мислат или дека се свесни за одговорноста кога нема да го исполнат ветеното. Уште многу чекори се неизодени кон практиката на развиените демократии, кога ќе се констатира неодговорно однесување на одреден политичар тој да се повлече, да биде замолен да ја напушти функцијата или едноставно неговото опстојување на функцијата да стане толку бесмислено што повторно ќе резултира со напуштање на фукцијата. Кај нас се се одвива според поинакви формулации.
Има една тактика во Македонија, кога некој функционер ќе поднесе оставка подоцна се одговара дека таа била понудена, не била поднесена, и се очекува некој да ја прифати или да не ја прифати оставката


,,Има една тактика во Македонија, кога некој функционер ќе поднесе оставка подоцна се одговара дека таа била понудена, не била поднесена, и се очекува некој да ја прифати или да не ја прифати оставката. Значи, во развиена политичка култура поднесена оставка само се констатира и се бара вршител на дејноста на функцијата кој што ја вршело лицето што поднело оставка."

Коментира професорот Живко Андревски. Власта бара безброј оправдувања за да ја демантира опозицијата, јавноста или медиумите и тоа најилустративно го покажува исходот од досегашните интерпелации, вели Андревски. Во краен случај ниту исгласаната интерпелација не го обврзува функционерот ниту надлежниот орган да го разреши, што придонесува политичката одговорност да станува многу растеглива и често пати злоупотребувана. Основниот проблем лежи во механизмите, заклучува аналитичарот Ибрахим Мехмети.

,,Немаме ние силна јавност, немаме невладини организации кои се занимаваат со следење на работата на политичарите и на укажување на нивната неодоговорност за било која тема или област на нивното делување. Медиумите исто така
главно ги следат дневните настани или се работи за некој инцидент, за некоја афера."

Аферите траат се додека се интересни за публиката, а вистинска анализа недостасува, додава Мехмети при што основен механизам на одговорното работење во политиката до овој момент на зрелост на демократијата остануваат изборите и гласачите. Колку и да е бавен тој пат, изострувањето на критериумите по некои логични очекување ќе се развива, констатира Андревски.
XS
SM
MD
LG