Достапни линкови

Русија ја обвини Грузија за соработка со Ал Каеда


Шефот на руската федерална тајна служба, Александар Бортников, денеска ја обвини Грузија дека ги обучува и им дава засолниште на припадници на Ал Каеда, кои планираат терористички напади во регионот на Северен Кавказ. Според него, биле запленети аудио докази кои покажувале дека бунтовниците, заедно со припадници на Ал Каеда имале контакти со претставници на грузијските тајни служби. Бортников ја обвини Грузија и дека ги снабдува со оружје терористичките активности во Дагестан.
XS
SM
MD
LG