Достапни линкови

Хилари Клинтон во посета на Русија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која синоќа допатува во Москва, денеска ќе разговара со рускиот претседател Дмитриј Медведев и со шефот на дипломатијата Сергеј Лавров. Американски дипломати наведуваат дека Клинтон ќе побара од Русија поголем притисок врз Иран, доколку не докаже дека нуклеарната програма му е за мирољубиви цели. Ќе се разговара и за Северна Кореја, против-ракетната одбрана, како и за ситуацијата во Авганистан. Предвидено е Хилари Клинтон да го посети и градот Казан, во кој претежно живеат муслимани.
XS
SM
MD
LG