Достапни линкови

Ерменскиот претседател на фудбал во Турција


Претседателот на Ерменија Серж Саркисјан ја потврди денешната посета на Турција со цел да присуствува на фудбалскиот натпревар меѓу Турција и Ерменија во рамките на квалификациите за светското првенство. Саркисјан ќе ја посети Турција на покана на својот турски колега Абдула Ѓул, два дена по потпишувањето на историскиот договор за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG