Достапни линкови

logo-print

Прогноза за времето денеска- дожд, силен ветер и снег


Времето вo Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и студено, со врнежи од дожд кои на планините постепено ќе поминат во врнежи од снег. Наместа врнежите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува и силен ветер од југозападен, а потоа и oд северен правец, кој наместа може да достигне и до 100 километри на час. Утринската температура се движи меѓу 8 и 13, а дневната ќе биде меѓу 10 и 16 степени. Во Скопје и околината променливо облачно, ветровито и студено, со врнежи од дожд и ветер од северен правец. Утринската температура е околу 11, дневната ќе достигне до 13 степени.
XS
SM
MD
LG