Достапни линкови

logo-print

Романскиот Парламент може да гласа за недоверба на Владата


Романскиот суд пресуди денеска дека Парламентот во вторник, може да гласа за недоверба на владата. Демократскo- Либералната влада ќе падне ако 236 од вкупно 471 пратеници гласаат против неa.. Трите опозициски партии имаат доволно гласови за да ја соборат владата. На гласањето , се гледа како на политички мотивиран процес, пред претседателските избори, кои треба да се одржат на 22 ноември. Претседателот Трајан Басеску, кој е близок со Либералните демократи, е фаворит на изборите.. Но, падот на владата може да ги намали неговите шанси.

XS
SM
MD
LG