Достапни линкови

Во Ингушетија убиени 7 милитанти и 3 полицајци


Најмалку 7 милитанти и 3 полицајци, биле убиени денеска во судирите за време на анти-терористичка операција во Ингушетија , руски регион на Кавказот. Руската новинска агенција соопштува дека операциите на безбедносните сили се одвивале во четири села во близина на границата со Чеченија. Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров, кого го подржува и Москва, изјавил дека во операциите учествувала и чеченската полиција . Ингушетија е претежно муслимански регион, често потресуван од судирите меѓу исламските милитанти и владините сили, како и атентати на високи владини претставници.

XS
SM
MD
LG