Достапни линкови

На преминот Богородица фатени 4 авганистански илегалци


Министерството за внатрешни работи, на граничниот премин Богородица, кај Гевгелија, во товарно возило со турски регистарски ознаки , откриле четворица илегални патници, по потекло од Авганистан. Од Царината соопштуваат дека илегалните патници имаат по 20 –тина години и поседуваат грчки документи .Патниците биле откриени преку снимка од скенер која покажувала дека врз товарот на камионот, кој превезувал автомобилски гуми, се наоѓале во лежечка положба четворицата илегалци
XS
SM
MD
LG