Достапни линкови

Британија забрани соработка со две ирански фирми


Британија им нареди на финансиските компании да ги запрат сите соработки со две ирански компании, за кои постои сомневање дека ја помагала земјата да развие нуклеарно оружје. Забраната се однесува на Банката Мелат и Поморската флота на Исламската Република Иран, истите две фирми кои претходно беа санкционирани од САД. Светските сили го обвинуваат Иран дека тајно произведува нуклеарно оружје. Советникот за медиуми на иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџат, за Ројтерс денеска изјавил дека санкциите нема да му нанесат штета на Иран.
XS
SM
MD
LG