Достапни линкови

Прва жена добитничка на Нобелова награда за економија


Нобеловата награда за економија, оваа година ја добија двајца американци. Наградата отиде во рацете на Еленор Остром и Оливер Е. Вилјамсон. Шведскиот комитет изјави дека наградата ја добиле поради нивните анализи за економско управување. Остром е првата жена што добила Нобелова награда , откако е востановена наградата пред 40 години. Остром по добивањето на веста регираше:
"Мојата прва реакција беше големо изненадување и благодарност. Постојат многу, многу луѓе кои се борат со сила да бидат избрани за оваа награда. Тоа е голема чест и јас сум уште, малку во шок." ,изјави Остром
Шведскиот комитет ја награди Остром затоашто покажа дека заедничкиот имот може успешно да се управува од групи кои го користат. А Вилијамсон затоашто развил теорија според која работата на фирмите служи како структура за решавање на конфликти.
Наградата за економија е последната меѓу шесте Нобелови награди што се доделуваат. А шведскиот комитет ја востановил во чест на Алберт Нобел.

XS
SM
MD
LG