Достапни линкови

logo-print

Подделени реакции за образовната политика на ОБСЕ


Деца во училиште

Деца во училиште

Експертите се скептични за предлогот на ОБСЕ, децата од малцинските заедници да учат македонски јазик, а учениците Македонци да ги учат јазиците на заедниците. За други пак идеата е добра, но потребна е подлабока анализа.

Експертите се скептични за предлогот на ОБСЕ, децата од малцинските заедници да учат македонски јазик, а учениците Македонци да ги учат јазиците на заедниците. Новата образовна политика што ја предложи ОБСЕ предвидува ревидирање на учебниците и наставните програми со цел да се промовира толеранција кај децата и да се отстранат стереотипите. Училишните педагози сметаат дека со децата е најлесно да се работи, повеќе внимание е неопходно да им се посвети на родителите и наставниците. Педагогот Убавка Бунтевска вели дека мора да се работи подеднакво со родителите и со учениците за да се надминат поделбите:

,,Поделбите постојат. Не играат заедно или ретко кога играат заедно, се делат и она што јас сум го забележала во текот на моето
Може да доведе и до понатамошно бегање на тие луѓе кои што живеат во тие средини. Како ќе му објасните на некој во Берово или во Струмица каде што имаме релативно чисто македонски етнички средини да учи албански
работење, е тоа што како се зголемува возраста на тие деца, се зголемуваат и поделбите. Значи, најмалите кога ќе дојдат во училиште со шест годишна возраст скоро и да не се забележува поделба."

Наставничката Шкипе Бакиу смета дека не треба да им се вметне уште еден јазик на прво одделенците во наставата:

,,Ги нема тие предрасуди во тие години, но со тек на времето тие ги прифаќаат тие предрасуди и не мислам дека со тоа ќе можат да се решат овие проблеми. Да учат од прво одделение уште еден јазик е многу големо оптеретување. Прво треба добро да го научат својот јазик, а потоа можат од трето одделение да почнат."

Социологот Илија Ацески се сомнева дека ваков проект би можело лесно да го прифатат граѓаните:

,,Може да доведе и до понатамошно бегање на тие луѓе кои што живеат во тие средини. Како ќе му објасните на некој во Берово или во Струмица каде што имаме релативно чисто македонски етнички средини да учи албански. Мора да се подготви таков еден терен подлабоко за тоа да стане еден нормален момент, дека добро е тоа да се знае, да се убеди дека јазикот е средство за
Генерално се поздравува идејата, меѓутоа во пракса и во реалноста е многу важно да нејзиното имплементирање започне и се спроведува согласно реалните можности во државата
комуникација."

Директорката на Бирото за развој на образование Весна Хороватовиќ вели дека оваа стратегија на ОБСЕ е добар показател во која насока треба да се движи образованието во Македонија. Хороватовиќ вели дека за ваква стратегија е потребно неколку години да се анализира, да се разработи и да се видат опциите како може да се имплементира:

,,Генерално се поздравува идејата, меѓутоа во пракса и во реалноста е многу важно да нејзиното имплементирање започне согласно и се спроведува согласно реалните можности во државата."

Социологот Ацески вели дека ваквите проекти се добри за развој на граѓанското општество.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG