Достапни линкови

logo-print

Односите меѓу ЕУ и Македонија од взаемен интерес


Знамето на ЕУ

Знамето на ЕУ

Оценувајќи ги односите меѓу ЕУ и Македонија, експертите велат дека тие се темелат на взаемни интереси, односно Македонија има интерес за влез во Унијата, а таа пак сака проширување.

Односите помеѓу Македонија и ЕУ почиваат на взаемни интереси. Земјава има интерес за влез во Унијата, а таа сака да се прошири, велат дел од експертите. Политичарите пак, се надеваат дека по овогодинешниот извештај на ЕК односите ќе се издигнат на повисоко ниво. Од осамостојувањето на земјава, па се до денес, македонските власти велат дека работат на пристапување во Унијата, Македонија ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ во 2001 година, а статусот кандидат за членство, земјата го доби во 2005 година, оттогаш Македонија се надева на добивање датум за преговори. Според политичарот Стојан Андов меѓусебните односи во почетокот се движеле во нагорна линија, но ситуацијата е промената во последните неколку години:

,,Имаме еден застој во односите, еден поспор развој последните три години, еве веќе и четврта година и мислам дека е време да се
Отпочнувањето на процесот на преговарање значи многу повеќе и многу посериозна работа во поглед на приближувањето кон стандардите на Унијата, по завршувањето на тој процес да станеме членка, да станеме дел од Унијата. Што значи процесот или ако сакате работата, допрва следи
направи еден исчекор и да се добие тој датум за преговори."

Поранешниот премиер Владо Бучковски пак, вели дека Македонија градеше партнерски односи со Унијата за да може да ја оствари својата цел, а тоа е да стане нејзина членка:

,,Република Македонија развиваше партнерски однос со ЕУ остварувајќи го својот стратешки интерес дојдовме до фаза кога стекнувајќи го статусот кандидат ни се отвори перспективата да го реализираме тоа што можеби излгедаше невозможно. Сега во пресрет на извештајот расне оптимизмот дека ќе биде верификуван напредокот и дека Македонија ќе има позитивен извештај."

Професорот Звонимир Јанкуловски вели дека односите меѓу земјава и Унијата се движат во насока која ја поставува ЕУ. Нашата влада е таа што треба да ги следи нивните инструкции, вели тој:

,,Како да ги оцениме, очигледно дека почиваат на взаемен интерес меѓу Македонија и Унијата во поглед како на нејзиното набљудување на Република Македонија, така и на нашето асоцирање во Унијата."

Ако извештајот е позитивен, меѓусебната соработка ќе стане уште поинтензивна, додава Јанкуловски:

,,Отпочнувањето на процесот на преговарање значи многу повеќе и многу посериозна работа во поглед на приближувањето кон стандардите на Унијата, по завршувањето на тој процес да станеме членка, да станеме дел од Унијата. Што значи процесот или ако сакате работата, допрва следи."
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG