Достапни линкови

Нов биланс:Во нападите во Пакистан, 40 жртви


Новиот биланс на жртви во бомбашкиот напад во близина на долината Сват, во Пакистан, покажува дека најмалку 40 луѓе се убиени, соопштила полицијата. Според нив, бомбата била насочена кон воен конвој што минувал низ пазар, во североисточниот дел на земјата. Покраинскиот министер за информации Маин Ифтикар Хусеин изјавил дека уште 45 лица биле повредени и дека повеќето од загинатите се цивили. Ова е најновиот од низата на големи напади во Пакистан, кој се бори против Талибанците, вклучувајќи и групи поврзани со Ал-Каеда.
XS
SM
MD
LG