Достапни линкови

КФОР започнува оперативни вежби на Косово


Меѓународните сили на Косово денеска почнуваат оперативна вежба за распоредување на силите во земјата што ќе трае до 8 ноември. Како што е соопштено од КФОР, вежбата насловена „Балкански сокол“ се изведува по наредба на Командата на здружените сили на НАТО во Неапол.
„Оваа вежба не е одговор, ниту подготовка за каква било постоечка или очекувана ситуација на Косово. Нејзината цел е да им овозможи на НАТО силите да одржат висок степен на готовност и да бидат подготвени за брзо распоредување како одговор на какво било сценарио“, се вели во соопштението. Во него се наведува дека како и вежбите изведени изминатите неколку години и оваа „испраќа јасна порака дека НАТО останува посветен на мирот и стабилноста во регионот на Балканот.
XS
SM
MD
LG