Достапни линкови

Во самоубиствен напад во Пакистан загинаа 24 лица


Во експлозија во близина на долината Сват загинаа најмалку 24 лица, а десетици други се ранети , соопшти пакистанската полиција, според која, станува збор за самоубистен бомбашки напад врз воено возило. Долината Сват е во фокусот на интензивна воена кампања против талибанците. Пакистанската армија тврди дека ги истерала милитантите надвод од регионот. Во напад на пакистански авион врз две позиции на талибанците во Јужен Вазиристан во близина на авганистанската граница пак вчера биле убиени 16 милитанти. Нападот се случил вчера неколку часа откако командосите ослободија 39 заложници кои беа држени од милитанти во армиски команден центар. Талибанците од друга страна ја прифатија одговорноста за смрта на 19 луѓе во нападот на армискиот штаб.
XS
SM
MD
LG