Достапни линкови

Чавез: Обама не ја заслужува Нобеловата награда


Венецуелскиот претседател Уго Чавез оцени дека претседателот Барак Обама не ја заслужил Нобеловата награда за мир. Тој вели дека наместо да работи на воспоставувањето мир, американскиот претседател продолжил со воинствената политика на неговиот претходник Џорџ Буш. Во неделната колумна, Чавез пишува дека нобеловиот комитет „ја заборавил“ определбата на Обама да ги продолжи војните во Ирак и во Авганистан.
XS
SM
MD
LG