Достапни линкови

19 мртви во бомбашки напади во Ирак


Во серија експлозии во ирачката провинција Анбар загинаа 19 луѓе, соопштуваат локалните власти. Сите напади се извршени со автомобили-бомби во градот Рамади. Првата бомба експлодирала близу до полициска станица и до зградата на локалната самоуправа. Вториот автомобил експлодирал додека полицијата и случајните минувачи им пружале помош на ранетите, а третата бомба експлодирала еден час подоцна, пред влезот на болницата, соопштува полицијата.
XS
SM
MD
LG