Достапни линкови

Додавката Охридска Архиепископија е исправање на неправдата


Соборен Храм - Скопје

Соборен Храм - Скопје

Владиката Методиј вели дека додавката Охридска Архиепископија кон Македонската Православна Црква, значи исправање на една историска неправда. Светиот Синод обезбеди единство за измена на црковниот Устав и во ноември се очекува МПЦ да го добие стариот историски префикс – Охридска Архиепископија.

Синодот обезбеди единство за измена на црковниот Устав и додавка кон Македонската Православна Црква – сега и како Охридска Архепиескопија. Промените ке се случат откако во ноември црковниот собир ке ги одобри измените и МПЦ ќе го добие стариот историски префикс – Охридска Архиепископија.

,,Ако ние името Охридска Архиепископија го сметаме за додавка, тогаш самите себе си си наметнуваме навистина голема навреда, затоа што МПЦ е Охридската Архиепископија. Името Охридска Архиепископија како историско наследство на МПЦ да влезе во самиот текст на Уставот и да стане уставна категорија. Значи не станува збор за менување на име, туку исправање на една историска неправда."

Владиката Методиј припаѓа во редот на младите членови на Синодот од чиј редови прозлезе и идејата за вракање на Охридската
Името Охридска Архиепископија како историско наследство на МПЦ да влезе во самиот текст на Уставот и да стане уставна категорија. Значи не станува збор за менување на име, туку исправање на една историска неправда
Архиепископија, што престваува составен дел и од титулата на поглаварот Стефан, кого често пати говорно го именуваат и како патријарх на Охридската Арихиепископија.

,,Симптоматично е што воопшто се проблематизира, особено поради тоа што името Охридска Архиепископија и МПЦ, во преамбулата на Уставот ги имаме на неколку места"

Овие чекори на МПЦ доаѓаат во време кога Македонија се соочува со проблемот со уставното име. Можно ли е да има некакава коинциденција во однос на овој спор?

,,Па, мислам дека коинциденција не постои и МПЦ, односно Светиот Синод на МПЦ веќе се изјасни дека стои цврсто на ставот за неменување на името, ниту на државата, ниту на црквата, односно сите заеднички треба да истраеме во тоа да го зачуваме достоинството, светоста на нашето име."

Членот на Синодот, Владиката Методиј зборува и за различните погледи кон МПЦ – од една страна критики за нејзино дневно-политичко ангажирање, од друга страна забелешки дека синодото во последно време е преокупиран со самот себе и некои црковни слабости:
Па, мислам дека коинциденција не постои и МПЦ, односно Светиот Синод на МПЦ веќе се изјасни дека стои цврсто на ставот за неменување на името, ниту на државата, ниту на црквата


,,МПЦ има повеќе сериозни, отворени прашања кои што треба да ги разработува внатре во себе и во однос на надворешната црковна политика, така што силите мислам дека главно треба да бидат фокусирани на тоа, на комуникацијата во однос на Српската Православна Црква, потоа секако постојана работа околу надворешната политика, комуникацијата и со останатите православни цркви, бидејќи тоа е пресудно за нашето живеење. Моралната поддршка што МПЦ ја дава во однос на тие современи процеси кои што се случуваат во државата се непроменливи."

Дали додавката Охридска Архепиоскопија е дел од некаков таен договор со СПЦ и сугестија од посреничките мисии на влијателната Московска и Цариградска Патријаршија:

,,Се подготвуваме за продолжување на тој процес и се надевам дека особено по овие позитивни сигнали од страна на СПЦ, дека нешто сериозно ќе се случува во тој поглед. Во многу што сепак ќе зависи од тоа како ќе се распредалат силите во самиот врв на СПЦ и кој ќе биде следен српски патријарх."

вели владиката Методиј член на Светиот Синод.
XS
SM
MD
LG