Достапни линкови

Ќе се упрости постапката за откуп на дворно земјиште


Постапката за откуп на дворно земјиште ќе се упрости, најави министерот за финансии Зоран Ставревски. Наместо самите граѓани да прибираат докумнети, што до сега се покажа како голем проблем, сега Управата за јавни приходи ќе го прави тоа, рече Ставревски . Откако Владата доенсе одлука за ја намали цената на државното дворно земјиште, на само едно евро за кавдрат, интересот за откуп се зголемил за 30 проценти. За секое земјиште што е во државна сопственост, а кое нема да се откупи, од 1 јануари 2011 година ќе се плаќа закуп.

XS
SM
MD
LG