Достапни линкови

Одложено помирувањето на палестинските фракции


Потпишувањето на договор за помирување меѓу палестинските фракции Фатак и Хамас, што требаше да се случи на 25 октомври е одложено за неколку седмици, соопштил египетскиот министер за надворешни работи, Ахмед Абул Геит.
Тој не објаснил која од фракциите побарала одложување, но Хамас на својата веб страна соопштува дека побарале одложување на потпипувањето на договорот, затоа што палестинската влада не го прифатила Извештајот на ОН со кои се осудуваат израелските напади на Газа. Египетските власти од 2007 го подржуваат процесот на помирување за да може Палестина да се обедини и да учествува во мировни преговори со Израел.
XS
SM
MD
LG