Достапни линкови

Изборите во Русија, тест за Медведев


Гласачите во многу делови на Русија денеска ќе излезат на избори. Во 76 од вкупно 83 региони во Русија денеска се одржуваат избори за градоначалник, регионални и областни избори. Аналитичарите велат дека изборите се тест за претседателот Дмитриј Медведев . Изборите треба да ја зајакнат демократијата и да го разбијат монополот на владејачката партија Единствена Русија. Критичарите велат дека демократијата е поткопана од неговиот претходник Владимир Путин, сега премиер, и опозицијата вели дека ситуацијата се влоши откако Медведев дојде на власт во мај 2008.

XS
SM
MD
LG