Достапни линкови

Турција и Ерменија ги обновија дипломатските односи


Турција и Ерменија го потпишаа договор за обновување на дипломатските врски и за отворање на границите, по речиси еден век на непријателство. Ерменскиот министер за надворешни работи Едуард Налбандијан и неговиот турски колега, Ахмет Давутоглу потпиша два протоколи на церемонијата на Универзитетот во Цирих. Министрите за надворешни работи на САД, Русија, Франција и Европската унија присуствуваа на историската церемонија. Претходно, потпишувањето на договорот беше одложен во последен момент поради загриженоста околу текстот на завршната изјава, но проблемот е решен. Причината за вековното непријателство меѓу Турција и Ерменија е масакрот на Ерменците од отоманските Турци за време на Првата светска војна.

XS
SM
MD
LG