Достапни линкови

Спречен обид за внесување на емигранти во Австрија


Австриската полиција уапсила тројца криумчари кои се обидувале нелегално да внесат 64 турски имигранти . Уапсените од секој емигрант земале по околу 10 илјади евра, јавува агенција АПА. Агенцијата повикувајќи се на полициски извори соопштува дека двата камиони во кој биле пронајдени емигрантите биле пресретнати во јужниот дел на Австрија, камионите биле регистрирани за транспорт на зеленчук и овошје.Но во камионите имало мажи, жени и деца, кои поминал 24 часа во внатрешноста на камионот на пат од Истанбул во надеж дека ќе дојде до Виена.

XS
SM
MD
LG