Достапни линкови

Смрт за тројца кои учествувале на постизборните протести во Иран


Иранските власти осудиле на смрт тројца луѓе кои учествувале на демонстрациите по претседателските избори, соопштил портпаролот на министрството за правда во Техеран. Луѓето биле осудени затоа што имале врски со опозициските групи и имале улога во организацијата на протестите. Но портпаролот изјави и дека пресудите не се конечни, бидејќи осудените имаат право да се жалат на Врховниот суд.

XS
SM
MD
LG