Достапни линкови

Турција и Ерменија не ги обновија дипломатските односи


Турција и Ерменија денеска во Цирих не ги потпишаа протоколите кои требаше да го отворат патот за обновување на нивните дипломатски односи. На местото каде требаше да биде потпишан договорот не пристигна ерменската делегација. Потпишувањето на договорот е одложено за некое време, бидејќи Ерменските претставници биле загрижени за текстот во турскaта изјава која требаше да се даде на крајот на потпишувањето на договорот. Американкскиот државен секретар, Хилари Клинтон разговарала со ерменскиот министер за надворешни работи за да се надминат несогласувањата околу изјавите . Денешниот настан беше наречен историски бидејќи требаше да стави крај на еден век непријателство меѓу Турција и Ерменија.
XS
SM
MD
LG