Достапни линкови

Полска го ратификуваше Лисабонскиот договор


Полскиот претседател Лех Качински денеска го потпиша Лисабонскиот договор .Качински го стави својот потпис на договорот за реформи во ЕУ, на свечена церемонија на која присуствуваше и претседателот на Европската комисија Жозе Мауел Баросо. Полскиот парламент уште минатата година го одобри Лисабонскиот договор, но до сега се чекаше потписот на Качински. Полскиот претседател церемонијата на потпишување на договорот ја нарече „ ден кога се согласуваме со еден нов, голем експеримент“. Сега останува уште на чешкиот претседател да го потпиште договорот, кој првин мора да помине на Уставен суд.

XS
SM
MD
LG