Достапни линкови

Албанија ги бара посмртните останки на Мајка Тереза


Албанија сака посмртните останки на нобеловката за мир Мајка Тереза и на кралот Ахмед Зогу да бидат пренесени во таа земја. Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека неговата влада веќе побарала од Индија останките на Мајка Тереза да бидат вратени во Албанија до август идната година, а по повод 100 годишнината од нејзиното раѓање. Агенцијата Асошиетед прес потсетува дека Македонија и Албанија спорат околу националниот идентитет на хуманитарката која е родена во Скопје во етничко албанско семејство. Посмртните останки на кралот Зогу се наоѓаат во Париз.
XS
SM
MD
LG