Достапни линкови

logo-print

Турција и Ерменија, обнова на дипломатските односи


Турција и Ерменија денеска во Цирих треба да потпишат протоколи кои ќе отворат патот за обновување на нивните дипломатски односи. Документите ќе ги потпишат шефовите на дипломатиите на двете земји по шест неделните преговори што се одржуваа во Цирих. Со еден од протоколите се предвидува формирање комисија за да го испита геноцидот врз милион ерменци за време на Првата Светска војна. Турција во 1993 година ја затвори границата со Ерменија во знак на солидарност со Азербејџан во конфликтот околу ерменската енклава Нагорно Карабах. На церемонијата во Цирих ќе присуствуваат американскиот државен секретар Хилари Клинтон и шефовите на дипломатиите на Русија и на Франција Сергеј Лавров и Бернар Кушнер.
XS
SM
MD
LG