Достапни линкови

18 години во чекалницата за НАТО и ЕУ


18 години македонските граѓани чекаат влез во НАТО и ЕУ, и исто толку години им веруваат на политичарите дека сонот ќе се оствари и со интеграцијата во овие институции животот ќе се подобри. Кога сонот ќе стане реалност?

Во чекалницата за влез во НАТО, во ЕУ и во подобра иднина, македонските граѓани поминуваат 18 години. Транзицијата го гази нивниот период на работна активност и полека ја прифаќаат новата утопија по само куса пауза од верувањето во слична таква. Новите политичари со нови цели и со стариот табиет, ветуваат подобра иднина.

„18 години нашиот народ само чека нешто и се надева. Овде очигледно ништо драстично не се менува во смисла нели на подобрување на економската состојба. Тоа многу убаво си го користи, актуелната власта, претходната власт постојано нешто да ни нуди како утопија дека нешто ќе се реализира само што ќе влеземе во ЕУ, дека со волшебно стапче ќе се решат сите проблеми, а и веќе како да се вклопува во менталната состојба на нашиот народ, да се има трпение и да се чека.„

Вели професорката Сузана Симоновска. Граѓаните гласаат. Последните анкети покажуваат висока доверба во корист на европската и евроатлантска перспектива.
18 години нашиот народ само чека нешто и се надева. Овде очигледно ништо драстично не се менува во смисла нели на подобрување на економската состојба. Тоа многу убаво си го користи, актуелната власта, претходната власт постојано нешто да ни нуди како утопија дека нешто ќе се реализира само што ќе влеземе во ЕУ


,,Односно таа се движи, во зависност кога се прават истражувањата, помеѓу 85 и 92%. Тоа е многу висок процент.“

Изјави Владимир Божиновски од Институтот за демократија. Оваа поддршка за членството во меѓународните институции, вели Божиновски се должи на надежта дека постигнувањето на оваа цел ќе значи излегување од долгогодишната изолација, намалување на невработеноста и поголеми можности за кредитирање кога станува збор за фирмите и влегување во една заедница на благосостојбата за каква што ја гледаат Европската Унија. На ова може да се додаде и потребата за конечно надминување на транзициониот морален контекст којшто преку изменетиот вредносен систем, стана вообичаен и општо прифатен сега веќе длабоко општествено втемелен стил на живот.

,,Животот е само во исчекување. Навистина секој човек без разлика на образование, на вера, на боја итн. Посебно и тука кај нас во Македонија каде сме разнолични, надежите се големи, се очекува дека подобар ќе биде животот. Дека ќе имаме еден ,,чадор„ под НАТО, ЕУ дека ќе се среди сето тоа, дека нема да се ,,повампират„ оние стари сили.“

,,Се надевам дека ќе биде подобро, од она што е сега.“

Сето ова е реално и да се очекува, додава политикологот Божиновски зошто перспективите не по автоматизам, но треба да се очекуваат. Сепак како што додава вистинските перспективи треба да ги отвори самата држава додека го изодува европскиот пат. Во политичката комуникација спакуван во предизборни летоци, животот во таа блиска или далечна иднина собива поинаква димензија или поинаку кажано политичарите им правиат лоша услуга на граѓаните, вели професорот Илија Ацевски.
,,Кога велат дека еве сето тоа ќе биде брзо, само што не сме влегле, правиме напори итн... Во смисла дека ете тоа блиско зачленување во тие институции дека ќе го реши тој проблем, па можам да издржам уште некоја година.“

Скопје
Погоден амбиент за создавање илузии, стварност која ветува иднина но е се повеќе имагинарна колку што се оддалечува од нас, велат експертите. Од друга страна , оддалечувајќи не од реалноста, ја зацврстува пасивноста зошто пласира идеја дека зачленувањето во меѓународните институции само по себе ги решава сите проблеми што се разбира е вовед во уште една заблуда:
Животот е само во исчекување. Навистина секој човек без разлика на образование, на вера, на боја итн. Посебно и тука кај нас во Македонија каде сме разнолични, надежите се големи


„А, таа е вредносна и идеолошка заблуда. Вредносна бидејќи многу малку се работи на јакнење на едно чувство на дисциплина, на една гордост, на една како би рекол, сите оние особини кои што се својствени за создавање на едно здраво општество.“

Велат Ацевски и Симоновска. Во меѓувреме се губи вербата во фундаменталните вредности на кои се темели западниот свет кон кој се стремиме. Ретко кој во Македонија верува дека со труд и со чесност може нешто да се постигне.

,,Моите ќерки ги учев да гледаат оптимистички на иднината, да бидат културни и еманципирани граѓани на ова општество. Меѓутоа искрено незнам колку е тоа добро, во вакви услови децата да се воспитуваат на таков начин.“

,,Судството ни е корумпирано, каде и да одите да барате некаде некој документ, ако не потплатите со евра, неможе.“

Корупцијата и непотизмот се сеуште широко распространети во македонското општество.Се губи довербата во институциите на системот, особено во корумпираното судство како и во образованието.

„Ние образованието го сведовме само на дипломи, кои и незнам колку значат. Повеќе од половина веќе незначат ништо. Приватните само заради пари, но исто и државните универзитети.“

Македонските граѓани се прилично ограничени во можностите да бираат стил на живот, зошто тој е детерминиран од условите кои му се создадени. Освен оние кои во своите зрели години останаа без своите работни места, голема е бројката на оние кои и над своите триесетти години сеуште немаат вработување, како и на оние кои не можат да го дооформат своето образование или да се преквалификуваат поради цената на студирањето. Од останувањето без работа иако на не повеќе од четириесетгодишна возраст за овој продавач на книги, нема алтернатива.

,,Мојот татко кој е на 84 години склеротичен, мојата жена која е без работа, мојот син кој е наркоман веќе 15 години и ќерката која е некаков студент на 23-24 години, така што гледам да ги прехранам. И јас со три-четири болести, се обидувам да се лекувам за да издржам на тезга по 12 часа дневно, за да заработам и да ги прехранам.“

Европската иднина е за него веќе неважна и несогледлива, зошто вели како што тргнала политикава не гледа надеж ниту за неа ниту за можните инвестиции од кои се очекува да ги решат економските проблеми. Во тоа исчекување на големите цели на државата се надева на решавањето на за него најгорливиот проблем што му му нуди решение за секојдневието на дивото продавање на книгите.

Евроамбасадорот Ерван Фуере на Милениумскиот крст на Водно покрај македонското и знамето на ЕУ
„Да ни дозволи сами да заработуваме за леб како до сега, да ни даде некое стално место каде што би можеле чесно да работиме, да има правила на игра.“

По долгото чекање, надежта како да избледува кај голем дел од граѓаните.

„Од овие околу мене што ме опкружуваат, и како сограѓаните и од политичарите не очекувам ништо.“
Не гледам никаква перспектива, јас сум можеби стар, ама за децата, за внуците, не гледам перспектива


,,Не гледам никаква перспектива, јас сум можеби стар, ама за децата, за внуците, не гледам персепктива.“

,,Фабриките се затворија, големите фирми се затворија, на што да се надеваме.“

Сето тоа произлегува од природата на процесите чии ефекти се чувствуваат многу години откако се предизвикани, појаснува социологот Ацевски па затоа се потребни радикални и системски решенија кои ќе го повлечат развојот. Во меѓувреме луѓето треба да се посветат на активно осмислување на својата сопствена иднина.

„Да речеме најчесто овие млади, како што можам да видам според одредени истражувања, Вие може да глумите некаква постмодерна состојба на однесување, дека демек се ви е сеедно, дека ќе се решат проблеми, односно кај нив се повеќе и повеќе доаѓа до израз она, за утре ќе размислуваме утре, не денеска. Но, она што го формирам човекот од кариера, оној што мисли за својата иднина, тој мора да има сопствена проекција.“

Вели Ацевски иако признава дека во еден стеснет простор кој не остава многу можност за сопствена иницијатива е тешко да се каже дека работите зависат од самите поединци токму поради соочувањето со лажните вредности во реалниот свет којшто им е создаден наоколу. Некои од нив очекувањето на иднината врзана за членство во меѓународните институции или за инвестиките чуда ги сметаат само за непотребно оптоварување со кое се занимаваат оние кои потпаднале под влијание на политичките изјави.

„Имаат влијание од политичарите, слушајќи ги родителите, значи тоа влијание го преземаат и повеќето почнуваат да ги чекаат тие промени. Повеќето не се свесни, како и јас.“

Помладите се пофлексибилни и веќе навикнати на поинаква динамика, велат експертите кои надешта ја темелат единствено на нивното влијание. Само тие велат, може да го повлечат развојот и да ја приклучат државава на последниот воз кон Европската или каква и да е подобра иднина.
XS
SM
MD
LG