Достапни линкови

Милошоски лично му честита на Папандреу за победата на изборите


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, и покрај најавите на медиумите во Грција, денеска немаше тет-а-тет средба со новиот грчки премиер Јоргос Папандреу на маргините на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Истанбул.
На почетокот на состанокот Милошоски и Папандреу се поздравиле, а шефот на македонската дипломатија од името на македонската Влада му ја честитал победата на изборите и му посакал успешен мандат. Папандреу се заблагодарил и рекол дека се надева на подобра соработка, јави МИА.
XS
SM
MD
LG