Достапни линкови

logo-print

Дипломатски односи меѓу Турција и Ерменија


Турција и Ерменија, утре во Цирих, ќе потпишат спогодби за воспоставување дипломатски односи и билатерална соработка. На церемонијата, покрај претставниците на Швајцарија, која посредуваше во преговорите, ќе присуствуваат и шефовите на дипломатиите на Соединетите Држави, Русија и Франција, Хилари Клинтон, Сергеј Лавров и Бернар Кушнер. Турција и Ерменија немаа дипломатски односи поради спорот околу масовните убиства на Ерменците за време на Првата Светска Војна од страна на турските сили.
XS
SM
MD
LG