Достапни линкови

Десет дена за договор во БиХ


Европската унија и Соединетите држави на денешниот состанок во Сараево им дадоа на босанските политичари рок од десет дена да се договорат за мерките за излегување од кризата и за забрзување на евроатлантските интеграции. ,,Дојде време за акција, лидерство и интегрирање,, изјави шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд по состанокот на кој претседаваше заедно со американскиот државен секретар Џејмс Стајнберг. Билд најави дека следниот состанок ќе се одржи на 20 овој месец.
XS
SM
MD
LG