Достапни линкови

logo-print

Нобеловата награда за мир за Обама, реакции во светот


Позитивни реакции во светот за изборот на американскиот претседател Барак Обама за годинашен добитник на Нобеловата награда за мир. Од кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи е соопштено дека Обама е соодветната личност да ја добие наградата поради неговата нова визија за глобалните односи. Шефот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо изјави дека наградата ќе ги охрабри луѓето кои се надеваат на изградба на побезбеден свет. Палестинската власт му честиташе на Обама со надеж дека тоа ќе им даде поголема мотивација на блискоисточните мировни преговори. Официјален Техеран оцени дека наградата треба да го поттикне Обама да почне да работи за запирање на неправдата во светот. Од друга страна, талибанските претставници ја осудија одлуката на Нобеловиот комитет со забелешка дека Обама не направил ништо за мир во Авганистан.
XS
SM
MD
LG