Достапни линкови

Евроинтеграциите немаат алтернатива


Амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер

Амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер

Македонските аналитичари се категорични – евроинтеграциите немаат алтернатива. Според нив, оддалечувањето од европското семејство може да има неповолни последици на економски и безбедносен план.

Евроинтеграциите немаат алтернатива, категорични се дел од домашните експерти. Останувањето надвор од европското семејство може да има не само неповолни последици на политички, туку и на безбедносен план, вели професор Владимир Пивоваров.
Македонија освен евро интеграции не може ниту да размислува за втора опција. Затоа што таа опција води во немирни води дури и да не кажеме неповолни безбедносни состојби за Република Македонија


„Македонија освен евро интеграции не може ниту да размислува за втора опција. Затоа што таа опција води во немирни води дури и да не кажеме неповолни безбедносни состојби за Република Македонија.“

Аналитичарот Алберт Муслиу се согласува дека евроинтеграциите се неопходни. Тој оди уште понатаму и вели дека, во секој случај, Македонија ќе стане дел од европското семејствово во многу блиска иднина:

„Не може да очекуваме ништо освен евро и НАТО интегративни процеси. Може да очекуваме само промени на внатрешно политичката сцена.“

Немирното опкружување и политичките кризи во регионот, лесно може да се прелеат во Македонија, велат експертите. При тоа, предвид ја имаат политичката криза во Босна и Херцеговина со Република Српска, како и најавениот бојкот на претстојните избори во Косово од страна на Србите. На тоа се дополнуват и кревките меѓуетнички односи во земјава, кои излегоа на виделина по контроверзиите што се појавија по објавувањето на Енциклопедијата на МАНУ. Кризите на Балканот, речиси никогаш не остануваат само во една држава, вели префесор Пивоваров.
Македонија, се уште, е земја во транзиција и тоа значи дека тензиите се возможни на сите нивоа. Но ни треба конструктивен дијалог и користење на институциите на оваа земја. Ја имате поддршката на меѓународната заедница да продолжите напред и да минете низ овој тензичен период.


„Балканот може да го набљудуваме како врзани садови. Сите безбедносни појави што се појавуваат во опкружувањето многу лесно се прелеваат од една во друга држава.“

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, што треба да се емитува во недела, американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер вели дека според сите истражувања, повеќе од 90 отсто од граѓаните на Македонија го подржуваат влезот во ЕУ и во НАТО и дека сите во Македонија сакаат хармонични меѓуетнички односи.

„Македонија, се уште, е земја во транзиција и тоа значи дека тензиите се возможни на сите нивоа. Но ни треба конструктивен дијалог и користење на институциите на оваа земја. Ја имате поддршката на меѓународната заедница да продолжите напред и да минете низ овој тензичен период. Најдобриот начин да се оди напред е целосната интеграција во евро-атланските структури и тоа е цел на Соединетите Држави и на големото мнозинство во Македонија. Не можеме да дозволиме индивидуалци кои можеби имаат своја агенда ова да го нарушат. Мислам дека лидерите на оваа земја тоа го демонстрираат.“

Во неделното интервју за Радио Слобона Европа, Рикер вели дека САД го сметаат Балканот за дел од Европа и оти тоа е основна американска позиција во однос на надворешната и безбедносна политика на во однос на Европа.

„Вложивме богатство, напори и крв, со нашите партнери, за да се случи тоа. Балканот е дел од тоа и мораме да продолжиме да работиме до целосната интеграција на земјите од Балканот во евро – атланското семејство на нации, бидејќи тоа е, според многубројни примери кои сме ги виделе, клучот на стабилноста и просперитетот на Европа која е наша цел посебно во 21 век.“

Иако, како што велат експертите, Македонија има низа слабости на политички план, клучен проблем за евроинтеграциите е спорот за името со Грција.


  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG