Достапни линкови

logo-print

Средба Милошоски - Папандреу ?


Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, на маргините на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите од Процесот за соработка во Југо-источна Европа во Истанбул, денеска имал билатерални средби со турскиот колега Ахмет Давутоглу. На собирот во Истанбул учествува и грчкиот премиер Јоргос Папандреу, а грчките медиуми јавија дека се можни средби со македонскиот министер Милошоски и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Македонската страна, како што јави МИА, е расположена за средба, но засега нема официјална потврда од грчка страна.
XS
SM
MD
LG