Достапни линкови

Аунг Су Чи се состана со западни дипломати


Воената хунта во Мјанмар и дозволила на опозиционерската лидерка Аунг Су Чи денеска да се состане со западни дипломати и со нив да разговара за санкциите од Западот против нејзината земја. На средбата биле дипломати од Соединетите Држави, Австралија и Велика Британија. Аунг Су Чи во последните 20 години, 14 е во домашен притвор, но во последниве недели воената хунта со неа одржа неколку разговори.
XS
SM
MD
LG