Достапни линкови

logo-print

Албанија нема да добие визна либерализација


Шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделегер синоќа во Тирана изјави дека е нереално Албанија да очекува да добие визна либерализација од први јануари 2010, заедно со другите три земји од Балканот - Македонија, Србија и Црна Гора. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, на заедничка прес-конференција со албанскиот министер за надворешни работи Илир Мета, шефот на австриската дипломатија рече дека Албанија треба уште многу да направи во реализацијата на реформите поставени од ЕУ.
XS
SM
MD
LG