Достапни линкови

logo-print

Високи претставници на ЕУ и САД во посета на БиХ


Европскиот комесар за проширување Оли Рен изјави во Сараево дека во Босна и Херцеговина пристигнал за да помогне во процесот на забрзување на европските интеграции на земјата, со цел таа наскоро да биде доведена до статус на кандидат за членство во Европската унија. Рен истакна дека заедно со министерот за надворешни работи на Шведска, Карл Билт, чија земја е актуелен претседавач на Унијата и заменик-државниот секретар на САД Џејмс Стајнберг, денеска ќе се состанат со политичките лидери на БиХ, со кои ќе го разгледаат прашањето за забрзување на европските и евроатлантските интеграции на земјата.
XS
SM
MD
LG