Достапни линкови

Прогноза за времето- сончево, од понеделник посвежо


Времето во Македонија ќе биде сончево и тивко. Утринската температура се движи од три до 12, а дневната ќе биде од 23 до 28 степени. Во Скопје слично време, со температура до 27 степени. До недела ќе се задржи релативно топла и стабилна воздушна маса која ќе услови убаво есенско време претежно сончево и тивко. Ноќта ќе биде свежа при што утринските температури ќе се спуштат меѓу три и 12, а дневните ќе бидат без промени во однос на денешните, од 23 до 28 степени. Веќе во текот на следната недела ќе настапи значителна промена на времето со северен ветер и заладување за повеќе од 10 степени во однос на вредноста деновиве.

XS
SM
MD
LG