Достапни линкови

Дневен печат - Енциклопедијата и натаму прва вест


Првата Македонска Енциклопедија, односно разрешувањето на академик Блаже Ристовски од функцијата главен редактор, сеуште е главна тема во медиумите, изминативе денови. Македонските медиуми се занимават и со извештајот на ЕК за Македонија и изборите во Грција.

Претседателството на МАНУ ги разреши академик Блаже Ристовски од функцијата главен редактор, како и целата редакција од уште 7 академици којашто ја подготви и неодамна ја издаде првата Македонска Енциклопедија, е главната вест во сите медиуми. Претседателството на Академијата донело одлука отпечатените примероци да се повлечат, да се ревидираат сите одредници во делото кои се неприфатливи од научен и поширок општествен аспект, во пишувањето на новата енциклопедија да учествуваат и научници и експерти- македонски Албанци, како и од сите други немнозински етнички заедници. Телевизиите во средата ја емитуваа изјавата на Ристовски дека не чувствува потреба самиот да поднесе оставка бидејќи не погрешил ништо. ,,Вечер,, ја објавува оваа информација со наслов ,,МАНУ ќе биде федерална, а понатаму се знае,, а во текстот прашува дали е дозволиво една научна институција да работи според Рамковниот договор, алудирајќи на заканите на акдемиците Луан Старова и Али Алиу дека ќе поднесат оставки од членувањето во МАНУ, доколку не биде сменет Блаже Ристовски и во пишувањето на одредниците не учествуваат и историчари-Албанци. А1 ТВ и
МАНУ
Утрински од своите дописници во Брисел објавуваат делови од неофицијалната верзија на нацрт-извештајот на ЕК за Македонија, во кој не се спомнува датум за почнување на преговори за членство во ЕУ, иако се наведува напредокот на земјава во исполнувањето на бенчмарковите што ги определи Унијата. Спомнат е нерешениот проблем со името, што според дописниците на овие два медиума, ќе биде главниот камен на сопнување за добивањето на долго очекуваниот датум. Победата на Пасок и на Папандреу на вонредните избори во Грција зафати високо место во вестите во сите медиуми. Проследени се со мислења на домашни, но и грчки експерти дека смената на власта во Грција нема да значи промена на нејзиниот став околу проблемот, туку само продолжување на преговорите во помирна атмосфера. Медиумите ја пренесоа и честитката од Груевски до Папандреу неговата изјава дека Македонија ќе продолжи да преговара со онаа власт што ќе ја изберат грчките граѓани. Разгледувањето на предлогот за втор ребаланс на буџетот во Собранието, исто така е во фокусот на интересирањето на медиумите. Главно,,Утрински,, ,,Дневник,, и ,,Време,, ги објавуваат обвинувањата од опозицијата дека Владата повторно е нереална во кратењата и дека до крајот на годинава ќе треба да се прави и трето приспособување на расходната страна со приходите во државната каса. Само ,,Утрински,, објави дека Јани Макрадули од СДСМ на седницата на Параламентот го обелодени ревизорскиот извештај дека Владата и Груевски потрошиле ненаменски 3 милиони и 200 илјади евра. Весникот го објави и демантот од Владата оти изнесувал невистини и тешки обвинувања, што се должело, како што пишува во Соопштението, искуството на неговите партиски другари предводени од Црвенковски.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG