Достапни линкови

Етничките предрасуди сеуште присутни


Истражувањето спроведено од ОБСЕ покажува дека 98% од учениците во Македонија немаат позитивна перцепција во однос на претставниците од останатите етнички групи. Со цел надминување на етноцентризмот во земјата, ОБСЕ, Министерството за образование и УСАИД подготвија документ за интегрирано образование.

Високиот комесаријат за национални малцинства на ОБСЕ и на Министерството за образование, а во соработка со УСАИД подготвија Предлог-документ со мерки за систем на интегрирано образование. Директен повод за неговата подготовка како што појасни шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луис Хереро биле резултатите од спроведеното истражување на мисијата кои покажале дека дури 98 проценти од учениците во една општина немале позитивна перцепција во однос на претставниците од останатите етнички групи. Дури 50% од учениците се изјасниле дека нивните наставници често пати или понекогаш даваат навредливи коментари за учениците од другите етнички групи. Овој документ е насочен кон надминувањето на етноцентризмот и етничките предрасуди и како што појасни Хереро кон тоа образованието во Македонија да ја одразува мултиетничката слика на општеството.
Македонија е пример кога станува збор за образование на мајчиниот јазик на етничките заедници. За нас е многу важно да соработуваме со Владата со цел да ја подржиме интеграцијата во образовниот систем, затоа што гледаме дека ова е предизвик, како и во многу земји така и овде


„Се надевам дека со на дешниот настан ние презентираме многу јасна определба на меѓународната заедница, на комесарот за национални малцинства на ОБСЕ да го направат образовниот систем во земјава, фактор на интеграција на заедниците.“

Изјави Хереро. Предлог документот е фокусиран на различни области-управување со училиштата, заеднички активности и изучување на јазиците на етничките заедници.

„Македонија е пример кога станува збор за образование на мајчиниот јазик на етничките заедници. За нас е многу важно да соработуваме со Владата со цел да ја подржиме интеграцијата во образовниот систем, затоа што гледаме дека ова е предизвик, како и во многу земји така и овде.“

Изјави високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек. Важно е да се избегне паралелизмот во образованието, изјави премиерот Груевски во поддршка на промовираниот документ. Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор го оцени како прв сериозен чекор кон интегриран образовен систем и дека во таа насока е важно сите етнички заедници, вклучувајќи ги и Македонците во образовниот процес да ги учат јазиците на другите етнички заедници. Министерот за образование Никола Тодоров додаде дека и сега е овозможено факултативно изучување на јазик на некоја од етничките заедници.

,,Можеби е една неприродна ситуација да во Република Македонија припадниците на етничките заедници да го изучуваат англискиот јазик од прво одделение, а не го изучуваат македонскиот. Сметаме дека во тој правец треба да се движат работите."

изјави Тодоров.
XS
SM
MD
LG