Достапни линкови

Полска ќе го потпише Лисабонскиот договор во сабота.


Полскотo претседателство, соопшти дека претседателот Лех Качински ќе го потпише Лисабонскиот договор, во саботата на пладне. Началник на Генералштабот изјави дека на церемонијата на потпишување ќе присуствуваат и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европскиот парламент Јиржи Бузек и премиерот на Шведска, Фредерик Реинфелд, чија земја претседава со ЕУ. Од 27 членки, само Полска и Чешка се уште да ја ратификуваат спогодбата Во меѓувреме, чешкиот претседател Вацлав Клаус, кој се противи на спогодбата, постави нов услов за ратификација на документот.
Тој во телефонски разговор со шведскиот премиер, побарал да се вметне фуснота на две реченици во договор кои се однесуваат на Повелбата на основните човекови права. Портпаролот на Калус одби да даде било каков коментар.


XS
SM
MD
LG