Достапни линкови

logo-print

Донесен ребалансот на Буџетот за 2009-та


Македоското Собрание, денеска, по тридневна расправа, го донесе ребалансот на Буџетот за 2009 година, со кој се кратат и приходите и расходите за 3,2 проценти. Причина за носењето на овој ребаланс, кој е втор по ред годинава, е приспособување на трошењето на државата на реалната состојба во стопанството, како и помалата реализација на приходите. За мнозинството во Парламентот ребалансот е отслкикување на реалната состојба во економијата, а според опозицијата ребалансот не нуди решение за излез од економската криза и оти целта на Владата е да се соберат што повеќе пари од граѓаните и стопанството.
XS
SM
MD
LG